Wheels Boutique & Vorsteiner BMW E90 M3! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Wheels Boutique & Vorsteiner BMW E90 M3!

Дечките од Wheels Boutique ја прикажаа својата најнова креација – а таа е базирана на BMW M3 и го користи екстремиот пакет на Vorsteiner!

Веќе пишувавме за еден модел кој го користи пакетот на Vorsteiner, и уште тогаш нагласивме дека целокупниот изглед е навистина привлечен и интересен. Оваа верзија која е изведена во црна боја изгледа агресивно и дури застрашувачки!

За било какви измени под поклопецот на моторот немаме информации, но знаеме дека пакетот на Vorsteiner е направен од карбонски влакна, и дека вклучува скоро целосна преработка на надворешниот изглед на возилото, а она што е навистина интересно е и одлуката да се користат екстремни тркала, и тоа 20х10.5 напред и 20х12 назад, со гуми во димензии 285/25/20 напред и 325/25/20 назад! Гумите се од производителот Michelin, конкретно моделот PS2.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.