Dodge Challenger Rallye Redline – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Dodge Challenger Rallye Redline

Денес ни тргна со Американските „Мускулести“ возила, па продолжуваме со Dodge Challenger Rallye Redline!

За разлика од некои други модели кои можат да се пофалат со 1000 коњски сили, но и цена од 200.000 долари, Challenger Rallye Redline нуди „само“ 305 коњски сили, но не ги нуди од традиционално очекуваниот голем V8 кој ги придвижува овие возила, туку од „помал“ V6 со зафатнина од 3.6 литри!

Неговите 305 коњски сили и 362 Nm вртежен момент се сосем доволни за да може да забрза до 100 километри на час за 6.5 секунди, и да забрзува се до околу 230 километри на час. Но сепак, кај овој модел поинтересни се визуелните додатоци – како што се големите 20-инчни тркала со 245/45-R20 гуми, црвените прстени на тркалата, но и црвените детали во внатрешноста. Вклучен е и Super Sport пакетот за управливост кој ги подобрува својствата на Dodge Challenger,  а поголемите кочници го подобруваат кочењето.

На крајот, која е цената на овој автомобил? Само $28.745, или по нашки околу 21.500 евра! Штета што нема да се продава никаде на Европскиот пазар!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.