Упропастениот Maybach 57 на Jay-Z и Kanye West продаден за $60.000! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Упропастениот Maybach 57 на Jay-Z и Kanye West продаден за $60.000!

Ако не сте го гледале спотот за песната Otis на Jay-Z и Kanye West, тогаш не знаете дека тие во видеото целосно упропастуваат еден одличен Maybach 57!

Мајбахот, кој рап ѕвездите го уништуваат во спотот излезе на аукција и се продаде за само $60.000 долари. Сепак, мораме да напоменеме дека песната за која е направен спотот освои Греми награда, а се очекуваше дека автомобилот ќе се продаде како своевидно „уметничко“ дело. Ние сметаме дека „делото“ е всушност еден непотребно уништен автомобил, кој ако нас ни го дадеа, со задоволство ќе си го возевме!

Во секој случај, мораме да ја признаеме  уникатноста на целиот проект, а за квалитетот на музиката нема да дискутираме.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.