Toyota GT86 – Конечно да го видиме новото купе! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota GT86 – Конечно да го видиме новото купе!

По неколку концепти и неколку години прикажување на тие концепти, Toyota конечно ја претстави сериската верзија на новото спортско купе, кое ќе се вика GT86!

Како што веќе знаете, Toyota GT86 и Subaru BRZ се збратимени модели кои делат навистина многу. Една од работите која ја делат е дволитарскиот боксер мотор, кој во GT86 ќе испорачува 200 коњски сили на високи 7000 вртежи и 206 Nm на 6600 вртежи, а оваа моќност ќе се пренесува преку 6-степен мануелен менувач на задните тркала! Долг 4240 мм, висок 1285 мм, широк 1775 милиметри и со 2570 мм меѓуоскино растојание, GT86 има совршени пропорции на спортско купе.

Toyota сеуште не ги има објавено перформансите на GT86, но се надеваме дека наскоро ќе ги имаме конкретните детали, но и дека и во Македонија GT86 ќе ја задржи ниската цена која Toyota толку гласно ја најавуваше. Ние со нетрпение го очекуваме и се надеваме дека набрзо ќе го видиме и кај нас!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.