Новиот Civic Type R пристигна во салонот на Honda во Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Civic Type R пристигна во салонот на Honda во Скопје!

Новиот и екстравагантнен Honda Civic Type R со VTEC Turbo мотор со 320 коњски сили пристигна во салонот на Хонда во Скопје!

Еден од најинтересните хот хеч модели на пазарот пристигна во Скопје. Новиот Civic Type R и сите негови спојлери, дифузери и додатоци веќе се кај нас – а тука е и неговиот 2-литарски VTEC Turbo мотор кој испорачува 320 коњски сили и 400 Nm вртежен момент!

Преведено во перформанси, тоа значи забрзување до 100 километри на час за 5.7 секунди и максимални 272 километри на час. Силата се пренесува преку 6-степен мануелен менувач кон предните тркала. Цената на моделот на фотографиите е 47.990 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.