Goodwood Фестивалот на Брзината започнува утре, а инженерите на BMW за оваа година го подготвија M Performance Parts концептот кој всушност е М2 „олеснет“ за цели 60 килограми!
Концептот е визија на инженерите на BMW како би изгледал и функционирал еден M2 кој не само што е олеснет за 60 килограми, туку има и оптимизирана аеродинамика за подобри перформанси на тркачките патеки.
Дел од опремата се карбонска маска на ладилникот, карбонски по клопец на моторот и предни и задни трила. Дополнително, концептот добива и карбонски крилца, карбонски кров, поклопец на багажниот просор и заден дифузер. Кабината добива M Performance спортски седишта кои изгледаат одлично и се супер-лесни – дури 13 килограми полесни од стандардните.
Со цел да уште повеќе да се подобри управувањето на M2, инженерите вградиле и M Performance суспензија со нагодливи амортизери, а автомобилот е 20 милиметри поблиску до подлогата. Сето ова резултира со автомобил кој ветува многу, многу забава!