Ferrari го направи специјалниот SP38 за некој многу, многу богат купувач! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari го направи специјалниот SP38 за некој многу, многу богат купувач!

Ferrari SP38 доаѓа директно од Special Projects дивизијата на италијанскиот бренд, а автомобилот ќе му биде испорачан на сопственикот на 26ти Мај.

Како што и можевме да очекуваме, SP38 не е целосно-уникатен автомобил, туку е поставен на платформната на 488 GTB. Она што навистина е уникатно е каросеријата – SP38 добива целосно уникатен изглед кој успева истовремено да наликува и на минатите модели на Ferrari (во нашите очи дефинитивно влече инспирација од F40 и F50), но и да најави што можеме да очекуваме од Ferrari во иднина.

Предниот и задниот дел се подеднакво радикални – предниот дел е заострен и агресивен, додека задниот дел е тотално ретро-футуристички. Предните светла се мали и остри, а задните светла се успешно скриени во задните отвори за ладење. Сега за сега не знаеме како изгледа ентериерот, но најавено е дека и тој е уникатно изработен.

За задвижување на SP38 најверојатно е искористен истиот 3.9-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 660 коњски сили, но не ја исклучуваме ниту можноста да е искористена варијанатата од 488 Pista која испорачува 710 коњски сили.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.