full screen background image
Search

Премиера: KIA го претстави освежениот Sportage – добива и „благ“ хибрид!

Корејскиот производител ги објави првите фотографии и официјални податоци за фејслифтот на супер-популарниот Sportage – и најважен новитет е 2-литарскиот турбодизел со 48-волтен електричен систем.

Визуелните измени се дискретни – но сепак забележливи. Препознаваме редизајнирани предни светла, редизајнирани светла за магла и преработен преден браник. Задниот дел добива мало затегнување на задните светлосни групи и редизајниран браник. Дел од приказната се и нови дизајни за алуминиумските тркала – од KIA кажуваат дека сите димензии на тркала добиваат нови дизајни, а можете да нарачате фелни со димензии од 16 до 19 инчи.

Кабината добива нов управувач и освежени инструменти. Измените не се драстични, но се доволни успешно да го освежат Sportage и да го одржат конкурентен со другите вакви модели во класата.

Можеби најважниот новитет е новиот четири-цилиндерски EcoDynamics+ R 2-литарски турбодизел. 2-литарскиот турбодизел користи „лајт“ хибрид во форма на стартер-генератор и 48-волтна батерија и електрична инсталација. Според новиот WLTP тест за економичност, со овој систем емисијата на штетни гасови се намалува за 4%.

Во пензија оди добро-познатиот 1.7-литарски CRDi турбодизел, а на неговото место доаѓа 1.6-литарски U3 CRDi кој според KIA е најчистиот турбодизел кој некогаш го имале во понудата. Овој мотор ќе се нуди во две изведби – со 113 или 134 коњски сили. Испораката на освежениот Sportage треба да започне во третата четвртина од оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.