Сподели! ;)

Работниот ден ќе го започнеме со официјално видео за новиот Renault Megane RS, во кое францускиот производител ни ја објаснува генезата за новиот спортски хечбек!

Во видеото ќе имате можност да дознаете нешто за сите аспекти на францускиот хот хеч – од дизајнот, па до ентериерот, па сè до погонот и филозофијата позади Megane RS.

Колку за потсетување, новиот RenaultSport Megane го придвижува 1.8-литарски турбо-бензинец (кој за прв пат се појави кај Alpine A110) кој испорачува 280 коњски сили и 390 Nm вртежен момент кон предните тркала. Купувачите ќе можат да изберат меѓу 6-брзински мануелен или 6-брзински автоматски менувач со двојна спојка, а дел од приказната е и 4Control системот за управување на сите четири тркала.

Кафето во раце, сместете се комфорно во вашето столче – и уживајте!