SSangYong најави учество на Dakar со специјално-подготвен Tivoli DKR! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

SSangYong најави учество на Dakar со специјално-подготвен Tivoli DKR!

Корејскиот производител на робустни теренци најави дека ќе учествува на овогодинешното Dakar рели со специјално-подготвен Tivoli DKR!


Задолжена за развој на тркачкиот Tivoli DKR беше шпанската дивизија на SSanngYong. Горди се што тркачкиот автомобил се подготвува токму за јубилејното, 40-то издание на Dakar релито кое треба да започне на 6ти Јануари следната година во Перу.

Рецептот на инженерите на SsangYong е интересен – Tivoli DKR користи голем V8 кој испорачува 405 коњски сили и одлични 550 Nm вртежен момент. Големиот теренец кој според најавите „во полна спрема“ тежи повеќе од 2 тони е подготвен да забрза до 100 километри на час за само 4.4 секунди и да постигне максимална брзина од 193 километри на час.

Можеби не сте знаеле, но ова не е прво излегување на Dakar за SsangYong – тие дебитираа на легендарното рели уште во 1994-та година со Korando. Тогаш беа првиот корејски бренд во историјата кој учествувал на Dakar и имаа и завиден успех – стигнаа од 8-мата позиција во генералниот пласман. Понатаму учествуваа и со Musso (ви текнува на Musso?) и Kyron со кои исто така има повеќе од задоволителни резултати.

Останува да почекаме да започне следниот Dakar и да видиме како ќе се покажат оваа година. Им посакуваме многу среќа!

с



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.