Audi објави нова номенклатура за своите модели – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi објави нова номенклатура за своите модели

Иако ознаката на моделите ќе биде иста – автомобилите ќе продолжат да се викаат од A1  до Q7 – сега возилата на германскиот бренд ќе имаат ознаки кои ќе ја означуваат моќта на моторот.

Според Dr. Dietmar Voggerneriter „како што погонските технологии стануваат поважни, а големината на моторот има сè помала важност во очите на купувачите, новата структура на ознаки според моќноста на погонот ќе го олесни разликувањето на различните нивоа на перформанси.“

Тоа значи дека традиционалните имиња ќе останат во употреба – автомобилите ќе продолжат да се викаат од A1 до Q7 (односно до Q8 кога ќе биде лансиран новиот голем SUV), но сега името ќе има и двоцифрена бројка која ќе ја означува моќта на автомобилот.

Сите модели кои имаат меѓу 110 и 130 коњски сили ќе ја носат бројката 30, додека ознаката 35 ќе биде на моделите кои имаат меѓу 145 и 160 коњски сили, 40 за оние кои имаат меѓу 165 и 200 коњски сили, ознаката 45 за оние кои имаат меѓу 225 и 250 коњски сили, бројката 50 за оние кои имаат меѓу 330 и 370 коњски сили. Врвната ознака 70 ќе биде резервирана за моделите кои имаат повеќе од 530 коњски сили.

Со новата номенклатура – A3 1.6 TDI ќе се вика А3 30 TDI, а А4 2.0 TDI 190 ќе ја носи ознаката А4 40 TDI. Новите бројки ќе бидат поставени до името на моделот и технологијата која го придвижува автомобилот – TFSI, TDI, g-tron и e-tron. Според најавеното од Audi, новата стратегија ќе му овозможи на брендот подобро да ги прикаже перформансите на хибридните и електричните возила.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.