full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Збогум California T, добредојде Ferrari Portofino

Ferrari California оди во пензија, а на нејзиното место доаѓа Portofino кое го користи истиот 3.9 литарски твин-турбо V8 кој сега кон задните тркала испорачува 590 коњски сили!

Ferrari секогаш го претставуваше моделот California (и неговиот заменик California T) како „основниот“ модел. Ferrari за почетници. Сега, California T е заменета со Ferrari Portofino –  и сега „основниот“ Ferrari има на располагање 590 коњски сили!

Благодарение на одличниот 3.9-литарски твин-турбо V8 бензинец кој испорачува 590 коњски сили и 760 Nm вртежен момент, Portofino забрзува „до стотка“ за 3.5 секунди и постигнува максимални 320 километри на час. Од Ferrari кажуваат дека преработениот мотор има нови внатрешни компоненти и редизајниран систем за всисување воздух. Новиот мотор и има и едноделна издувна гранка која е дизајнирана да го елиминира турбо-каснењето и да обезбеди најдобар одзив на педалата за гас во класата. Сите овие измени гарантираат дека моторот на Portofino е помоќен и поекономичен од моторот на California T.

Меѓу другото, Portofino го добива и најновиот заден диференцијал на Ferrari, како и електрично серво-управување. Магнетнореолошките амортизери се преработени, а Portofino е поставен врз нова, целосно-алуминиумска шасија.

Познавачите на Ferrari веднаш ќе препознаат дека Portofino влече инспирација од 812 Superfast и GT4CLusso. Секако, како и California T, и Portofino добива електрично-преклоплив тврд покрив.  Дебито е закажано за саемот на автомобили во Франкфурт.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.