Официјално: PSA групацијата е новиот сопственик на Opel! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: PSA групацијата е новиот сопственик на Opel!

Францускиот концерн го купи Opel (и британскиот Vauxhall) од General Motors за 2.2 милијарди евра!

Со соопштение објавено рано утринава, PSA потврди дека го купи Opel (и британскиот сестрински бренд Vauxhall) од General Motors. Цената на продажбата е 2.2 милијарди евра. Со аквизицијата на Opel, PSA станува втор по големина производител на европскиот пазар со учество од 17%.

„Горди сме што ги здружуваме силите со Opel и сме длабоко посветени кон продолжување на развојот на оваа компанија, но и забрзување на нејзиното трансформирање“ – изјави Carlos Tavares, претседателот на бордот на PSA – „ги почитуваме сите талентирани луѓе во Opel/Vauxhall и сето она што го имаат постигнато, како и силната историја на брендот. Планираме да ги менаџираме PSA и Opel/Vauxhall и да ги искористиме нивните идентитети. Веќе креиравме заеднички, успешни проекти за европскиот пазар и знаеме дека Opel/Vauxhall е вистинскиот партнер. Го гледаме ова како природна екстензија на нашата соработка и со задоволство ќе ја однесеме на следното ниво.“

 

Новата компанија ќе има придобивки во однос на размерот на производство, но и синергија во набавките, производството и истражувањето и развојот. Се очекуваат заштеди од 1.7  милијарди евра годишно до 2026, но голем дел од овие заштеди ќе бидат тука веќе во 2020, што ќе го забрза трансформирањето и опоравувањето на Opel/Vauxhall.

GM одамна сакаше да се „ослободи“ од својата европска гранка, бидејќи Opel веќе подолго време работи непрофитабилно. Сепак, трансформацијата на PSA во изминатите неколку години е одличен знак и нуди надеж дека слична приказна е возможна и со германскиот бренд.

Поврзано:   Opel најавува важен новитет - Frontera се враќа!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.