Porsche Македонија го слави 10-тиот роденден – новиот Audi A4 пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche Македонија го слави 10-тиот роденден – новиот Audi A4 пристигна во Македонија!

Еден од најважните модели на Audi – целосно новиот A4 – пристигна во Македонија – и тоа токму за 10-тиот роденден на Porsche Македонија!

Porsche Македонија – импортерот за брендовите Skoda, Seat, Volkswagen, Audi, Porsche, како и Volkswagen Комерцијални Возила оваа година го слави својот десетти роденден – и можат да се пофалат со навистина голем успех – десетици илјади продадени возила, многу среќни клиенти и големи планови за во иднина. Тие решија својот роденден да го прослават токму со најновиот – и можеби најважниот – модел на Audi – токму најновата генерација на A4!

10-godini-porsche

Најновата генерација на A4 ја носи ознаката B9 и е базиран на целосно новата MLBevo (односнo MLB 2) платформа која ја дели со големиот Q7. Секако, Audi не би биле Audi доколку не ги понудат сите можни најнови технолошки достигнувања во Audi, и токму тоа е случајот – во Audi А4 можете да го добиете новиот Audi Virtual Cockpit, можете да добиете LED интелигентни предни светла и уште многу, многу друго.

10-godini-porsche3

Во понудата се неколку TFSI турбо-бензинци и TDI турбодизели. Основниот бензинец е 1.4 TFSI со 150 коњски сили и 250 Nm, со кој A4 постигнува 100 километри на час за 8.5 секунди. Тука е 2.0 TFSI кој во најмоќната верзија нуди 252 коњски сили и постигнува 100 километри на час за само 5.8 секунди. Доколку сакате нешто „поцивилно“ тука е верзијата со 190 коњски сили на која и требаат 7.3 секунди до 100 километри, а според официјалните податоци троши само 4.8 литри гориво на 100 километри.

a4-interior1

Секако, кај A4 се нудат и добро-познатите TDI турбодизели, и тоа во неколку варијанти. Основен во гамата е 2-литарскиот TDI со 150 коњски сили кој достигнува 100 километри на час за 8.7 секунди. Чекор погоре е истиот 2-литарски TDI но со 190 коњски сили кој го постигнува истиот бенчмарк за 7.7 секунди. Доколку сакате повеќе, тука е и 3-литарскиот TDI кој нуди 218 или 272 коњски сили – истиот мотор од Q7, кој во најмоќната верзија покрај тие 272 коњски сили нуди и 600 Nm вртежен момент – доволно за 100 километри на час да стигнат за 5.3 секунди а истовремено да троши само 4.9 литри на 100 километри.

Поврзано:   Audi го направи последниот R8

Секако, неизбежен е и одличниот Quattro погон на сите четири тркала кој може да се комбинира со бензинските или дизел мотори, како и добро-познатиот S-Tronic менувач со двојна спојка.

a4-interior2

Новиот Audi A4 е веќе достапен во салонот на Порше Македонија, а цените започнуваат од 31.344 евра за основниот бензински модел, односно 33.179 евра за основниот модел опремен со турбодизелски мотор. Им го честитаме роденденот на нашите пријатели од Порше Македонија и им посакуваме уште многу успех во иднина!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.