Mercedes-Benz C-Class Coupe пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz C-Class Coupe пристигна во Македонија!

Купе-изведбата на еден од најпопуларните модели на Mercedes-Benz пристигна во Македонија, а ние имавме можност одблизу да го погледнеме новото луксузно купе од Штутгарт!

За оние кои имаат малку помладешки дух, и на кои „обичната“ C-Class им е малку здодевна, тука е нејзината купе-варијанта! Наречено едноставно C-Class Coupe, новото купе на Mercedes-Benz од првиот момент го задржува погледот. Предниот дел наликува на C-Class, но задниот дел веднаш се издвојува и ги нагласува дизајнерските квалитети на овој несекојдневен автомобил!

Mercedes-Benz продолжува со силната експанзија на промовирање модели со врвен дизајн и технолошки иновации, како дел од стратегијата која се однесува на автомобилскиот дизајн наречена „Чиста сензуалност“. Последен во низата нови модели е токму и C-Class Coupe – модел кој неодамна го имаше своето деби на саемот за автомобили во Франкфурт, а од дене е веќе достапен во салонот на Мак Аутостар.

Во понудата, на располагање стојат четири бензински мотори – од 1.6-литарскиот C180 со 156 коњски сили, дволитарскиот C200 со 184 коњски сили, C250 со 211 коњски сили, и конечно С300 со 245 коњски сили. Двата турбодизели имаат по 4 цилиндри и развиваат максимална моќност од 170 коњски сили односно 204 коњски сили. Моќта се пренесува кон задните тркала преку 6 степен мануелен менувач, или пак доколку купувачите сакаат, можат да изберат меѓу 7-степенскиот 7G-Tronic Plus, или пак новиот 9-степенски 9G-Tronic.

Секако, за оние најхрабрите – тука е и AMG варијантата, која во зависност од изведбата нуди 476 односно 510 коњски сили! Цените на C-Class Coupe започнуваат од 37.990 евра за C180, односно 42.990 евра за C220d. Врв на понудата е Mercedes-AMG C63 Coupe S кој чини 99.280 евра.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Електричниот Mercedes-Benz G-Class го има сиот вртежен момент на светот!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.