Fiat го претстави освежениот 500! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat го претстави освежениот 500!

Најмалиот член на Fiat фамилијата доби значително освежување – осум години по неговото лансирање малиот 500 добива затегнување на брчките како на екстериерот, така и во ентериерот!

Луѓето од Fiat тврдат дека дури 1800 измени се направени на малиот 500. На надворешноста се забележуваат новите предни светла со вградени дневни LED светла, како и редизајнирани задни светлосни групи. Ќе забележите и редизајнирани браници со нови хромирани детали, и нови дизајни на алуминиумските тркала.

Во ентериерот ќе најдете нов 5-инчен UConnect систем за информирање и забава, како и значително подобрени материјали со кои се обвиени делови од внатрешноста. Поскапите модели доаѓаат со 7-инчен панел со инструменти, а според Fiat додадена е и звучна изолација со цел да се подобрат рафинираноста и комфорот.

Сите мотори кои сега се нудат во Fiat 500 ги исполнуваат ЕУРО 6 стандардите. Доколку сакате бензинец, ќе можете да одберете меѓу 1.2-литарскиот атмосферец со 68 коњски сили, или пак 0.9-литарскиот TwinAir со два цилиндри и турбополнач кој нуди 85 или 105 коњски сили. Доколку сакате турбодизел, Fiat ќе ви го понуди 1.3-литарскиот MultiJet кој сега нуди 95 коњски сили. Подобрување има и кај DuoLogic автоматскиот менувач на кој му се додадени лопатки за менување поставени на управувачот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.