Mitsubishi Evo би можел да биде заменет со спортски кросовер? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi Evo би можел да биде заменет со спортски кросовер?

Можеби заоѓа сонцето за Mitsubishi Lancer Evolution X, но најновите извештаи укажуваат дека компанијата би можела да лансира кросовер со високи перформанси.

Во последно време се шпекулираше дека Јапонскиот производител ќе ја згасне назнаката Evo, но ќе го оживее спортистот 3000GT. Сепак, бидејќи Mitsubishi сака моделот да биде повеќе продаван, а во исто време интересот за кросовери станува се поголем и поголем, границата помеѓу Evolution и SUV може да стане многу помала.

Покрај тоа што за ентузијастите овој потег ќе биде крајно разочарувачки, би можел да има голема комерцијална смисла за Mitsubishi. Причината поради која Evo ќе биде прекинат е бидејќи Јапонскиот бренд се труди да се репозиционира себеси како еколошки производител на кросовери и теренски возила, а тука не се вклопува формулата на Lancer Evolution.

Иако не се објавени официјални информации, се очекува Evo да биде наследен од хибридна спортска изведба од претстојниот ASX кој беше прикажан преку концептот XR-PHEV.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.