full screen background image
Search

Land Rover го претстави современиот Discovery Vision Concept!

Со новиот Discovery Vision концепт, Британскиот бренд со Индијски сопственици ја најавува следната генерација на моделот Discovery, и истовремено најавува многу нови технологии!

Концептот нуди иновативен 2+3+2 распоред на седење, но седиштата може да бидат лесно изманипулирани за автомобилот да добие распоред со 6, 5 па и 4 места за седење. Дополнително, целта на Land Rover била да понуди зголемено чувство на премиум окружување како за возачот, така и за патниците.

lr-discovery-vision-concept-interior

Discovery Vision остана без средниот, Б-столб, но затоа добива таканаречени „Suicide“ задни врати, за кои не сме сигурни дека ќе го најдат својот пат до серискиот модел. Концептот претставува и своевидно деби за неколку нови технологии, меѓу кои и технологијата за „провидна хауба“ за која веќе пишувавме, но тука се и новиот графички интерфејс меѓу патниците и автомобилот кој користи таканаречено „паметно стакло“ за да прикажува информации на скоро сите стаклени површини, а многу од контролите во автомобилот се управуваат преку гестикулации.

lr-discovery-vision-concept-dash

Интересен е и Remote Control Drive системот кој му дозволува на возачот да го управува автомобилот на многу ниски брзини без притоа да е седнат во него. Според Land Rover, ваков систем би бил корисен при прикачување приколка или пак при маневрирање надвор од асфалтираните патишта.

lr-discovery-vision-concept-rear

Прегледноста ноќно време ја усовршуваат ласерските предни светла кои детектираат објекти и се оборуваат по потреба, со цел да се зголеми безбедноста. Конечно, тука е и ласерската асистенција за маневрирање која проектира референтни точки на околните објекти при маневрирање во тесни места. Ова би требало на возачот да му го олесни маневрирањето и да ги намали шансите за несакани контакти со околината. За off-road способностите зборува и новиот Terrain Response систем кој користи ласери во предните светла за магла за да го детектира теренот кој надоаѓа и соодветно да го подготви автомобилот како и да го извести возачот.

На крајот, интересна е и објавената соработка меѓу Land Rover и Virgin Galactic, со која моделите на Land Rover ќе станат дел од секојдневието на Virgin Galactic, но и на идните астронаути.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.