full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Ford Mustang се подготвува за 86-тиот кат на Empire State Building!

Годинава Ford Mustang го слави својот 50-ти роденден –  погледнете како инженерите на Ford го подготвија славеничкиот Mustang за својот пат до 86-тиот кат на една од највисоките згради во светот!

Со желба да му оддаде почит на оригиналниот Mustang кој се најде на истото место, инженерите на Ford „подготвија“ еден Mustang GT 5.0 Convertible за врвот на Empire State Building – околу 305 метри над улиците на Менхетн. Ова ќе биде вториот пат кога еден автомобил ќе се најде таму – импресивен потфат со оглед  на тоа дека лифтовите се широки само 36 инчи (околу 91 сантиметри) и луѓето задолжени за ова ќе имаат само 6 часа да ја завршат својата мисија!

mustang-esb-2

Бидејќи не можат да го качат возилото со кран, ниту пак да го однесат до горе со хеликоптер, еден примерок од Ford Mustang мораше да биде „разделен“ на неколку парчиња, однесен до самиот врв на Empire State Building и повторно склопен – интересен предизвик за Ford!

Доколку сте во Њу Јорк и имате можност да се прошетате до Empire State Building, жолтиот Ford Mustang ќе биде изложен таму денес и утре (16ти и 17ти Април) – а ако отидете, испратете ни фотографија!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.