Вечерно кино: Mercedes-AMG постави нов рекорд на Nürburgring со електричниот CLA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно кино: Mercedes-AMG постави нов рекорд на Nürburgring со електричниот CLA

Бидејќи електричниот CLA 45 побуди поделени реакции, момците и девојките од Mercedes-AMG решија да ги демонстрираат неговите способности на најпопуларната тркачка патека во светот.

Електричниот седан ја извозе патеката за 7:32,070 минути, со што CLA 45 стана најбрзото возило во својот сегмент. Рекордот го постави Kevin Berger во режимот Race, кој е достапен како дел од опционалниот пакет AMG Dynamic Plus, а возилото за оваа прилика беше опремено со Pirelli P Zero Trofeo RS гуми.

Тромоторниот систем се состои од еден аксијален мотор на предната оска и два мотори на задната оска, што овозможува погон на сите четири тркала, вкупна моќност од 680 коњски сили и 1759 Nm вртежен момент. Ова му овозможува на компактниот електричен седан да забрза од 0 до 100 км/ч за точно 3 секунди.

Меѓу другите технички карактеристики се издвојуваат варијабилната дистрибуција на вртежниот момент  и спортската суспензија AMG Ride Control со тростепено адаптивно амортизирање.

 

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!