WRC: Јари-Мати Латвала ја прекина победничката серија на Себастијан Лоеб – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC: Јари-Мати Латвала ја прекина победничката серија на Себастијан Лоеб

Јари-Мати Латвала ја извојува неговата втора победа сезонава и лесно доминираше на Релито во Велика Британија.

Латвала, позади воланот на неговата Ford Fiesta RS WRC, го презема водството уште на петочната трета етапа и постепено се одвојуваше од останатите, достигнувајќи ја целта со 27.8 секунди предност.

Себастијан Лоеб го победи Петер Солберг во возбудлива борба за второто место и го спречи да оствари еден-два победа за Ford. Мадс Осберг заврши пред вториот возач на Citroen, четвртопласираниот Мико Хирвонен.

Наредно е Рели Франција, кое ќе се одржи за две седмици.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.