2012 Honda Civic Sedan – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

2012 Honda Civic Sedan

Honda само што ги објави првите информации и слики за европскиот 2012 Civic Sedan. Производителот се фали дека автомобилот не добил само разубавување во делот кај багажникот, туку дека има повеќе подобрувања.

Сепак, за разлика од случајот кај хечбек верзијата, која не се нуди во САД и доаѓа со свој поевропски дизајн, седанот ги позајмува речиси сите одлики од Американскиот модел, што значи дека се соочуваме со прилично воздржан изглед. Honda ги редизајнираше светлосните групи, но не само за да ги задоволи Европските стандарди, туку и за подобар изглед.

Во внатрешноста се забележува редизајнирана централна конзола, а исто така и обновени седишта, како напред така и позади. Возилото доаѓа во пакет со Мулти Интелигентен Информационен Дисплеј кој овозможува да се пратат сите функции на автомобилот.

Возилото ќе се нуди со 1.8-литарски четири-цилиндричен бензински мотор и најверојатно ќе ги носи и останатите мотори од хечбек верзијата. Продажбата на Европскиот Honda Civic Sedan ќе започне ова лето.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.