Vorsteiner стајлинг пакет за Ferrari 458 Italia – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Vorsteiner стајлинг пакет за Ferrari 458 Italia

За повеќето луѓе, Ferrari 458 Italia е совршена така како што е. За останатите, постојат тјунерски компании како Vorsteiner кои го нудат своето знаење за да создадат поуникатен и попрепознатлив изглед и да ги подобрат перформансите на овој Италијански суперавтомобил.

По претставувањето на новиот сет од 21-инчни бандажи дизајнирани специјално за 458 Italia, Vorsteiner сега ни покажува козметички пакет, кој ќе се појави на пазарот при крајот на годинава. Овој аеро пакет е наречен 458-V и содржи преден спојлер кој е додаден на фабричкиот браник, странични прагови, ново дизајниран заден дифузер и заден спојлер.

Vorsteiner истакна дека сите делови се направени од јаглеродни влакна и ќе бидат понудени во сите бои. Повеќе детали околу пакетот ќе бидат објавени на почетокот од продажбата.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.