Премиера: BMW M6! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: BMW M6!

560 коњски сили, 680 Nm, 4.2 секунди – тоа се најважните бројки!

Не постои друг опис за М6 освен супер-купе. Големото купе од Баварија секогаш било привлечно за автомобилските ентузијасти, и секогаш сите со внимание гледаме и слушаме за нешто ново од BMW кое ќе ја носи ознаката M. Да му посакаме добредојде на новиот BMW M6!

Како и кај M5, моторот е со зафатнина од 4.4 литри, но со два турбо полначи. Испорачува 560 коњски сили и импресивни 680 Nm вртежен момент, а со целата таа моќност, M6 Coupe забрзува до 100 километри на час за 4.2 секунди, додека M6 кабриолет за 4.3 секунди. Ќе се нуди со автоматски менувач, а во моментов BMW размислува дали да понуди и мануелен. И купето и кабриолетот се електронски ограничени на 250 километри на на час, но BMW ќе го зголеми лимитот на 305 километри на час доколку го одберете BMW Driver’s Package од списокот на дополнителна опрема.

Покрај мерките кои BMW ги презема за да го направи M6 полесен – како што се алуминиумски врати и кров кој е комбинација од карбонски влакна и пластика, сепак големото купе е прилично тешко – 1850 килограми за купето, и 1980 за кабриолетот.

Иако зборот потрошувачка не е многу важен кога се зборува за М автомобил, мораме да зборуваме и за неа – купето ќе има просечна потрошувачка од само 9.9 литри на 100 изминати километри а ќе испушта 232 грама CO2 на изминат километар, додека кабриолетот ќе има просечна потрошувачка од 10.3 литри и ќе испушта 239 грама CO2 на изминат километар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.