Tesla Model X – Електрична иднина? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tesla Model X – Електрична иднина?

Tesla е еден од оние производители на електрични автомобили кој успева да го привлече нашето внимание. Новиот Model X ветува многу, но дали навистина ќе успее да ги оствари ветувањата?

Најголемиот проблем (а воедно и страв) кај електричните возила е токму бројката на изминати километри со едно полнење. Tesla најавува дека Model X ќе може да помине и до 300 милји – односно 480 километри – со едно полнење при брзини до 55 милји (88 километри) на час.

Прототипот кој го прикажа Tesla се најавува дека ќе почне да се продава од 2014-та година, а најголемо внимание привлекуваат задните врати. Нивната изведба Tesla ја нарекува Falcon Doors. Model X ќе може да се нарача со батериски пакет од 60 или 85 kWh,  и ќе може да се нарача со погон на сите четири тркала. Комбинирањето со погонот на сите четири тркала го зголемува вртежниот момент за 50% и дозволува Model X да забрза до 100 километри на час за помалку од 5 секунди!

Како што напоменавме, Model X ќе почне да се испорачува на почетокот на 2013-та година, а ќе чини $67.400 со батерија од 60 kWh или 77.400 со батеријата од 85 kWh.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.