Двата нови модели на Volkswagen постигнаа извонредни резултати во сегментот, со одлична активна безбедност и заштита на патниците.
Новата генерација на Polo освои 96% од вкупните бодови за заштита на возрасни, додека заштитата на деца патници беше исто така многу добра со 85%, што е најдобар резултат во сегментот. Заштитата на пешаци заслужува 76% и 59% одат на системите за активна безбедност.
Коментарот на Euro NCAP за краш тестот со странична бариера и краш тестот со страничен столб е дека заштитата на сите критични места на телата на куклите е добра, а Polo освои максимум поени.
Слична е приказната и кај T-Roc, кој беше тестиран како мал кросовер. Тој освои 96% за заштита на возрасни и 87% за заштита на деца патници, што го прави за нијанса подобар од помалиот брат Polo.
Исто така и тука заштитата на сите критични места од телата на децата кукли е добра. Слично како кај Polo, и тука сите критични места на телата на возрасните кукли биле добри во тестот за страничен удар.