Последната епизода од овој серијал ни го открива планинскиот пат MA10 во Мајорка, заедно со спортскиот компакт Ford Focus ST.
Не само патот, туку и историјата која што го опкружува го прави MA10 навистина импресивен. Патот и сам по себе е апсолутно совршенство за возење, и нуди поминување низ тунели, покрај езера и камени мостови. Токму на средината од MA10 е сместен манастирот Sanctuary de Lluc од 13-тиот век и токму манастирот го дефинира овој прекрасен пат. Зошто? Видејќи бил изграден сите овие години на локација која била неверојатно тешка за да се посети. Се чини дека патот до просветлувањето, не треба никогаш да биде лесен за поминување, дури ни кога ќе се обидете да го направите тоа со светло портокалов Ford Focus ST.
Погледнете ја и последната епизода овој овој прекрасен серијал и уживајте!