Луис Хамилтон го бара „Чудовиштето од Зелениот Пекол“ – Mercedes-AMG GT R – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Луис Хамилтон го бара „Чудовиштето од Зелениот Пекол“ – Mercedes-AMG GT R

Луис Хамилтон преку видео ја најавува претстојната потврдокорна изведба од суперавтомобилот Mercedes AMG GT, која пристигнува со подобрени перформанси.

Името GT R досега го асоциравме со суперавтомобилот на Nissan, популарно познат кај љубителите и под името Годзила. Сепак, Mercedes планира многу скоро да лансира истоимен модел, кој ќе се разликува од стандарниот AMG GT со поагресивниот бодикит и ќе биде опремен со подобрени сопирачки, управување и суспензија.

Најзначајната надградба ќе се однесува на 4.0-литарскиот твин-турбо V8 агрегат, кој ќе произведува повеќе сила, а се очекува бројка помеѓу 550 и 600 коњски сили – значително повеќе од стандардните 510. Ние претпоставуваме дека според името на промотивните видео клипови, AMG GT R веќе има поставено рекорд во својата класа на познатиот Нирбургринг – Зелениот Пекол – но останува да видиме дали е тоа така.

Mercedes AMG GT R ќе биде официјално претставен на 24-ти Јуни на овогодишното издание на Goodwood фестивалот на брзината.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.