full screen background image
Search

Nissan ќе ја зголемува гамата на електрични возила – доаѓаат електрични Juke и X-Trail

Според одговорниот за возила со нула емисија на штетни гасови на Nissan, електрификацијата на гамата на јапонскиот производител е „само прашање на време.“

Во разговор со британскиот Autocar, директорот на дивизијата за возила со нулта емисија на штетни гасови – Gareth Dunsmore – изјави дека електрификацијата на гамата на возила на Nissan е „само прашање на време.“ Според него, отворени се можностите да се комбинирааат популарните кросовери и SUV модели на Nissan со напредна технолоија за погон на струја. Дополнително, тој изјави дека иако сегашните електрични возила кои ги нуди брендот се изградени на засебни платформи, „следниот чекор е да се развие платформа која одговара на електрично возило од самиот почеток“ – односно, возилата кои ќе бидат со мотори на внатрешно согорување од првиот ден да се базирани на платформа која би поддржала лесна „електрификација.“

„Ние сме водачи во сегментот на кросовери, а истовремено водиме и со Leaf, и ќе ги комбинираме тие два сегменти во иднина“ – изјави Dunsmore – „се надевам дека луѓето ќе ги прифатат електричните возила како добри за околината, но истовремено и забавни и ценовно-прифатливи.“ Дополнително, Dunsmore најави дека согласно барањата на клиентите, Nissan ја разгледува и опцијата за развивање на мало, градско електрично возило.

nissan-juke

Сето ова е интересно, бидејќи следната година би требало да пристигне новиот Juke кој покрај четири-цилиндерските турбо-бензински и турбодизел мотори сигурно ќе добие и плаг-ин хибридна варијанта. Согласно најавите на Dunsmore, воопшто не би биле изненадени доколку Nissan понуди и целосно-електрична верзија на Juke.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.