full screen background image
Search

Конечно претставен Mercedes-AMG GT!

Mercedes-Benz конечно официјално го претстави Mercedes-AMG GT! Новото супер-спортско купе ќе се нуди во две верзии – со 460 и 510 коњски сили!

Конечно ги имаме сите детали за долго-очекуваното и долго-највуваното ново купе на Mercedes-Benz! Моделот поточно се вика Mercedes-AMG GT, со цел подобро да се издвои од другите модели на брендот. Под поклопецот на моторот се крие 4-литарски би-турбо V8 бензинец кој во зависност од верзијата ќе нуди 462 коњски сили кај AMG GT, односно 510 коњски сили кај AMG GT S. Исто така, во зависност од верзијата моторот испорачува 600, односно 650 Nm вртежен момент.

И кај обата модели моќта се пренесува кон задните тркала преку 7-степен автоматски менувач со двојна спојка. Забрзувањето до 100 километри на час трае 4 секунди кај AMG GT, односно 3.8 секунди кај AMG GT S. Максималните брзини изнесуваат 304, односно 311 километри на час. Автомобилот е долг 4546 милиметри, широк 1939 милиметри и висок само 1289 милиметри. Тежината е распоредена 47:53  напред-позади, моделот GT ќе тежи 1540 килограми а GT S 1570 килограми.

Разликите меѓу моделите не завршуваат кај моќноста – AMG GT S добива електронски-контролиран заден диференцијал, AMG RIDE CONTROL суспензија со три режими на работа, поголеми предни кочници (390 наспроти 360 милиметарски) како и различни големини на тркалата – на предната оска се поставени 265/35 R19 пневматици, додека на задната оска димензиите ќе бидат 295/30 R20. Дополнително, на AMG GT S може да биде поставен и AMG DYNAMIC PLUS пакетот кој има динамични носачи на моторот и менувачот – кои според Mercedes-Benz работат независно и автоматски стануваат помеки при комфорно возење, а се затегнуваат кога автомобилот ќе забележи дека е возен поагресивно.

Поврзано:   Brabus го претстави лудиот Rocket 900!

Доколку купувачите добијат желба, ќе  можат да нарачаат и систем за кочење со керамички кочници со 402-милиметарски дискови напред и 360-милиметарски дискови назад. Овој пакет ќе биде достапен кај обата модели.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.