За домашниот авто-салон, Citroen подготвува спектакуларна визија на иднината на DS брендот во форма на Divine DS!
Сега за сега, концептот е токму тоа – концепт – и не навестува некаков сериски модел кој би произлегол од него. Сепак, Citroën најавува дека Divine DS „претставува визија за иднината на DS брендот“ – и токму тоа и го очекуваме. Citroën најави дека DS линијата ќе се прошири од три на шест модели во Европа. Компактниот концепт кој го гледаме тука е долг 4.21 метар, широк е 1.98 метри, а висок е само 1.35 метри. Предниот дел го красат светла со ласерски секвенцијални трепкачи, а задниот дел се трансформира за да се отвори „погледот“ на камерата за паркирање. Истовремено, задниот дел го дефинираат големите светла изработени во LED технологија.
Концептот е поставен на 20-инчни тркала, а во внатрешноста има HD Touch Drive интерфејс изграден околу 10.4-инчен мултифункционален дисплеј чувствителен на допир, кој истовремено функционира и како ретровизор.
Моќта доаѓа од 1.6-литарскиот THP турбо-бензинец ги задоволува Еуро 6 стандардите и испорачува импресивни 270 коњски сили при 6000 вртежи во минута и 330 Nm од 1900 до 5500 вртежи во минута. Емисијата на штетни гасови изнесува 145 грама CO2 на изминат километар.