Воедно, Atto 8 е и првиот европски модел на BYD кој поддржува Flash Charging и се полни од 10 до 97% за само 9 минути.
Големиот Atto 8 (кој на домашниот пазар се продава како BYD Tang L) е првиот автомобил со Flash Charging во Европа. BYD официјално го претстави на саемот на автомобили во Париз, а бројките се безмалку неверојатни.
Прво и основно, Atto 8 е голем SUV. Доаѓа со седум седишта и сите врвни технологии кои BYD го има во своето портфолио. Електромоторите се хранат од огромна батерија со капацитет од 115 kWh, а кон сите четири тркала испорачуваат максимални 775 коњски сили, додека вкупната автономија е 600 километри според WLTP.
Според BYD, 775-коњскиот Atto 8 е најмоќниот SUV со 7 седишта во Европа. Тие 775 коњски сили овозможуваат катапултирање до 100 километри на час за 4.6 секунди, додека максималната брзина е 240 киометри на час. Ќе се нуди и верзија со погон само на задните тркала, која има на располагање 455 коњски сили и поминува 653 километри со едно полнење на батериите.
Секако, најважниот новитет е Flash Charging, односно полнење со моќност до максимални 1500 kW! Од BYD гордо кажуваат – ready in 5, full in 9, cold add 3. Односно, подготвени за тргнување (од 19% до 70%) за само 5 минути, полни батерии за 9 минути, а во ладни услови (-30 степени според Целзиус) додадете три минути. BYD планира да постави дури 6000 Flash полначи до крајот на 2027.
Продажбата на Atto 8 во Европа ќе започне во првата четвртина од следната година. Сега за сега немаме информации околу цените.













