Во салонот на Audi пристигна целосно-новиот Q3! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Audi пристигна целосно-новиот Q3!

Q3 го заслужува сето внимание, токму бидејќи е еден од бест-селерите на Audi – и со задоволство можеме да објавиме дека новиот SUV од Инголштад пристигна и во Македонија!

Низ минатите две генерации, Q3 е продаден во повеќе од два милиони примероци – а тоа значи дека е еден од најдобро-продаваните модели на Audi.

Новиот Q3 има поемотивен и поекспресивен дизајн. Широката предна маска ги крие новите Matrix LED светла со Micro-LED технологија, додека дневните светла се заострени и му даваат на новиот SUV нагласено подинамичен лик. Профилот има нагласена хоризонтална карактерна линија, која визуелно го двои автомобилот во две целини преку интересно играње со светлината и сенките.

На задниот дел вниманието оди кон дигиталните OLED задни светла. Светлата се споени во трендовски едноделен светлосен елемент, а Audi прстените се осветлени за уникатен и препознатлив светлосен потпис.

Погонското портфолио го сочинуваат освежени и моќни електрифицирани мотори. Основниот мотор кој се нуди е 1.5-литарскиот TFSI со 150 коњски сили и лајт-хибридна компонента. Во моментов во понудата е и 2-литарскиот TDI со 150 коњски сили и погон на предните тркала, а наскоро се очекува и верзија со 194 коњски сили и quattro погон на сите четири тркала.

Скалило погоре е Audi Q3 со 2-литарски TFSI, 262 коњски сили и quattro погон на сите четири тркала, и конечно, тука е плаг-ин хибридниот Q3 e-hybrid со погон на предните тркала, 262 коњски сили и автономија на струја до импресивни 119 километри (според WLTP).

А кога сме кај технологиите, да позборуваме и за ентериерот. Управувачот и контролите се редизајнирани за да се ослободи повеќе простор на централната конзола. На управувачот се интегрирани две засебни „рачки“ – десната за менувачот, додека левата е контролер за осветлувањето, бришачите и трепкачите.

Поврзано:  Луксуз on top of луксуз - Audi го откри ентериерот на Q9

Цените во Македонија започнуваат од 54.000 Евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.