Нашите читатели ги одбраа најпосакуваните нови автомобили за 2025 – преку околу 30.000 дадени гласови, ова се победниците!
Заврши гласањето за овогодинешното издание на Златно Тркало, а вие ги избравте Најпосакуваните Нови Автомобили во Македонија во пет различни категории! Оваа година повторно заедно со вас одбиравме Најпосакуван Семеен Автомобил, Најпосакуван Градски Автомобил, Најпосакуван Електрифициран Автомобил, Најпосакуван Премиум Автомобил и секако – Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија. Годинава беа дадени околу 30.000 гласови, а наскоро ќе организираме и свечен настан на кој и официјално ќе ги прогласиме победниците.
Најпосакуван Семеен Автомобил – Opel Grandland
Големиот Grandland е знаменосецот на SUV гамата на Opel и освои 39% од гласовите. Достапен со хибриден, плаг-ин хибриден или пак целосно-електричен погон, Grandland нуди навистина современ избор и нуди просторно, комфорно, практично и хај-тек решение за семејните потреби.
Најпосакуван Градски Автомобил – Geely Coolray
Храбриот дизајн, моќниот мотор, модерните технологии и компактните димензии го прават Geely Coolray да биде интересен и забележлив избор. Со 24% од освоените гласови, Coolray беше урбаниот фаворит на нашите гласачи.
Најпосакуван Електрифициран Автомобил – Peugeot 3008
Редефинираниот SUV на Peugeot освои 30% од гласовите во неговата категорија. Peugeot одлучи радикално да го редизајнира 3008 и да го трансформира во еден поинаков, нестандарден SUV. Достапен е со хибриден, плаг-ин хибриден или целосно електричен погон и во целосно-електрична изведба ветува рекордна автономија од над 700 километри.
Најпосакуван Премиум Автомобил – Audi A5
Новиот Audi A5 наследува и комбинира два автомобили и ветува дека ќе го понуди најдоброто од Инголштад – нови, современи технологии, модерни погонски единици и вистински премиум дизајн. Со освоени 35% од гласовите, A5 се наметна меѓу конкурентите.
Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија – Cupra Formentor
Одличен старт за Cupra! Брендот кој е нов на македонскиот пазар веќе се истакна со неколкуте нови автомобили, а моделот кој го дефинираше брендот и освои 39% од гласовите е фаворитот на нашата публика.
Им честитаме на победниците за резултатот, но истовремено им благодариме на сите учесници. Секако, огромна благодарност даваме и на вас – нашите читатели! Ви благодариме за безрезервната поддршка годинава и сите изминати години! Ви благодариме што нè читате и нè поддржувате!