Како дел од подготовките за новиот А2 и промената на стратегијата на Audi, германскиот бренд го заврши производството на A2 и Q2.
Покрај пристигнувањето на новиот А2, главната причина за ваквиот чекор е желбата на Audi да се репозиционира како премиум бренд кој се фокусира на повисоките класи. Извршниот директор на компанијата изјави дека маржите на профит кај малите автомобили се премногу ниски, особено во време кога трошоците за развој на електрична технологија и исполнување на строгите еколошки норми постојано растат.
Моделот A1, кој низ две генерации беше влезница во светот на Audi за многу млади купувачи, нема да добие директен наследник. Иако беше популарен на европскиот пазар, неговата иднина стана неодржлива во рамките на новата визија на брендот. Слична е судбината и на Q2, кој иако успешно го пополни просторот во компактниот SUV сегмент, веќе не се вклопува во долгорочните планови за електрификација.
Иако овие два модели заминуваат во историјата, Audi најавува дека нивното место во понудата индиректно ќе го пополни претстојниот електричен модел A2 e-tron.
Со овој потег, Audi им се придружи на другите луксузни производители кои го напуштија пазарот на мали градски автомобили. Со промената во стратегијата, Audi ги става профитабилноста и престижот пред масовната продажба.







