Mercedes-Benz го освежи популарниот GLE – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz го освежи популарниот GLE

GLE добива значително ажурирање, со повеќе од 3000 нови или ревидирани компоненти во споредба со претходниот модел.

Дизајнот е во знакот на Mercedes кој го има во изобилие, вклучувајќи ги дневните LED светла, предната решетка и задните светла, а тука е и големиот панорамски покрив кој се вградува во сите верзии.

Освежената верзија вклучува низа бензински и дизел мотори со зафатеност од 3 до 4 литри и моќност од 286 до 537 коњски сили. Сите доаѓаат со блага или плагин хибридна технологија и се споени со 9-брзински автоматски менувач и 4Matic погон на сите четири тркала.

Во внатрешноста најголем впечаток остава големиот MBUX Superscreen кој е составен од три 12,3-инчни екрани. Тука е и вградениот виртуелен асистент со вештачка интелигенција кој ги користи плтафортмите на Microsoft, Google и ChatGPT.

Во стандардната опрема се вбројуваат 10 камери, 5 радари, 12 ултразвучни сензори и адаптивен темпомат, додека опционално се вградува системот за автономно возење MB Drive Assist Pro со Level 2++.

Воздушната суспензија користи напреден систем Car-to-X кој презема информации од други Mercedes возила на патот и го предупредув возачот.

Цените сè уште не се официјално објавени а продажбата се очекува да започне подоцна годинава.

 

 

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!