Dahler го тјунираше моќниот BMW M3 CS – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Dahler го тјунираше моќниот BMW M3 CS

Доколку сметате дека фабричкиот BMW M3 CS не е доволно брз, германскиот тјунер Dahler има решение за вас.

Ретко кој би се осмелил да модифицира машина како што е BMW M3 CS, но сепак, инженерите од Dahler го направија токму тоа. Покрај подобрените перформанси, германскиот тјунер изврши и суптилни визуелни промени.

Стандардно, 3-литарскиот шестцилиндарец со два турбо полначи испорачува 543 коњски сили и 649 Nm вртежен момент. Со тјунирање на софтверот, овие бројки се зголемуваат до 630 коњски сили и 740 Nm. Опционално се нуди карбонски воздушен довод, како и издувен систем од нерѓосувачки челик кој го заменува стандардниот титаниумски систем.

Стандардниот BMW M3 CS наскоро ќе добие и купе изведба во форма на M4 CS. Тоа подразбира зголемена моќност во однос на стандардните M4 и M4 Competition, како и присуство на неизбежните карбонски додатоци.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!