ПРЕМИЕРА: BMW M4 CS – Малку поцивилизиран CSL! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: BMW M4 CS – Малку поцивилизиран CSL!

Новиот M4 CS е поставен над M4 и М4 Competition во хиерархијата на M-дивизијата, но истовремено е под супер-скапиот и ексклузивен CSL.

Но ако сме искрени, разликите меѓу M4 CS и M4 CSL и не се толку големи. Прво и основно – исто како M4 CSL, и M4 CS има 550 коњски сили. Плус, исто како M4 CSL, и M4 CS добива карбонски кров, карбонски поклопец на моторот, преден сплитер, предни отвори за воздух, капаци за страничните ретровизори, карбонски заден дуфизер и карбонски заден спојлер. Добива и лесни М тркала кои можат да бидат обвиени во супер-спортски пневматици.

Разликите? Најголемата разлика е во погонот – M4 CSL се добива само со заден погон, додека новиот M4 CS може да се добие со погон на сите четири тркала. Нема да ги добиете оние супер-секси карбонски седишта кои се вградуваат во M4 CSL, но затоа ќе добиете задни седишта и звучна изолација. Резултат? M4 CS е 20 килограми полесен од M4 Competition, додека M4 CSL е полесен цели 108 килограми.

Како што веќе напоменавме, моторот испорачува иста моќност како и моторот кој се вградува во M4 CSL. Сепак, моторот не е идентичен – во суштина, моторот кој се вградува во M4 CS е истиот кој се вградува и во „обичниот“ М4, но со одредени доработки и згоелем притисок во турбините.

Моторот испорачува 550 коњски сили при 6250 вртежи во минута и моќни 620 Nm вртежен момент од само 2750 во минута. Силата ја испорачува кон сите четири тркала преку 8-степен автоматски менувач, а резултат на сето тоа е спринт до 100 километри на час за 3.4 секунди и максимални 302 километри на час.

Поврзано:  BMW го претстави концептот Skytop

Нарачките се веќе отворени.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.