Македонска премиера на освежените Škoda Scala и Kamiq – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонска премиера на освежените Škoda Scala и Kamiq

Денес во салонот на Škoda во Скопје своја македонска премиера имаа освежените Scala и Kamiq!

Škoda неодамна ги освежи Scala и Kamiq, а денес токму овие модели ја имаа својата македонска премиера. Освежените Scala и Kamiq добиваат измени и надградби кои дополнително го истакнуваат нивниот карактер. Кај Scala уште повеќе е истакнат спортскиот карактер на супер-практичниот хечбек, додека Kamiq зрачи со уште поробустен SUV лик.

Предната маска на Scala е редизајнирана за да ги истакне вертикалните отвори и да се потенцира динамичниот карактер на хечбекот, додека кај Kamiq маската е посамоуверена и подостоинствена поради исправената форма и нагласените форми. Обата автомобили добиваат редизајнирани светлосни групи и нови технологии – Scala и Kamiq сега стандардно доаѓаат со LED предни светла, а достапни се бидат и супер-напредните Matrix LED предни светлосни групи.

На нашиот пазар достапни се две нивоа на опрема – Essence и Selection, кои се освежени за да ги вклучат сите современи технологии и практични детали кои ги очекуваат купувачите на Škoda. Главните технолошки надградби се во кабината, каде дигиталните инструменти сега се стандардни а како опција е достапен 10.25-инчен Виртуелен Кокпит. Инфозабавниот уред стандардно е со дијагонала од 8.25 инчи, додека достапен е и поголем со дијагонала од 9.2 инчи. Од Škoda се фалат и со редизајнираните физички контроли за клима-уредот.

Инаку, во понудата остануваат 1-литарскиот TSI со 95 коњски сили или 115 коњски сили (и 5-степен или 6-степен мануелен менувач, соодветно). Помоќниот 1-литарски TSI може да се комбинира со DSG автоматски менувач со двојна спојка и 7 степени на пренос. За оние кои сакаат повеќе моќ тука е 1.5-литарскиот TSI турбо-бензинец со 150 коњски сили кој може да се комбинира со 6-степен мануелен или 7-степен DSG менувач.

Поврзано:  Новиот, поголем и уште понапреден Škoda Kodiaq пристигна во Македонија!

Цените започнуваат од 18.010 Евра за Scala со 1-литарски TSI со 95 коњски сили, мануелен менувач и Essence ниво на опременост, односно 19.330 Евра за еквивалентен Kamiq. Врвната изведба на Scala опремена со 1.5-литарски TSI со 150 коњски сили и DSG автоматски менувач во Selection ниво на опрема чини 23.650 Евра, додека соодветно-конфигуриран Kamiq чини 24.570 Евра.

Возилата се веќе пристигнати и можат да се погледнат во салонот на Škoda во Скопје, но и во салоните ширум Македонија. Секако, за повеќе информации можете да ја посетите и официјалната веб-страница на Škoda.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.