Македонска гала-премиера на новата E-Class на Mercedes-Benz – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонска гала-премиера на новата E-Class на Mercedes-Benz

Со мало навраќање низ историјата и луксуз карактеристичен за Mercedes-Benz, вчеравечер во Скопје се одржа гала-премиерата на новата E-Class на германскиот производител.

На луксузен, гала-настан – каков што и му доликува на Mercedes-Benz – вчеравечер во Скопје, во салонот на Мак Аутостар своја македонска премиера имаше новата E-Class. Со мала прошетка низ историјата на брендот и навраќање на успешните минати модели се потсетивме какво е всушност наследството на E-Class и каде овој модел на Mercedes-Benz припаѓа.

Инаку, веднаш коа се тргна прекривката ни стана јасно дека новата E-Class е уверлив Mercedes-Benz. На новиот E-Class репознаваме дизајнерски елементи кои влечат инспирација директно од знаменосецот (S-Class) но и од електричните модели на Mercedes-Benz кои ја носат ознаката EQ. За среќа, E-Class и понатаму е седан, но успева (иако е долг безмалку 5 метри) истовремено да ги истане атлетските пропорции на C-Class и достоинствените, државнички карактеристики на големиот S-Class.

Предните светла имаат поедноставена форма и целата маска малку наликува на супер-аеродинамичните EQ модели, a маската на ладилникот ќе биде достапна во три конфигурации – во зависност од избраната изведба.

Вистинскиот технолошки напредок е во кабината – пред возачот има независен екран кој како да „изникнува“ од огромниот MBUX панел. Сите верзии на E-Class ќе го добијат овој дисплеј, како и големиот MBUX екран на централната конзола, а дополнително ќе биде достапен уште еден дисплеј поставен пред совозачот. Секако, тука можеме да зборуваме и за многу луксуз, многу опрема, врвни (и скапи) материјали и беспрекорна завршна обработка.

Во однос на погонските единици – сите погони во Европа ќе бидат електрифицирани. Основна верзија ќе биде E200 бензинецот со 204 коњски сили и погон на задните тркала. Mercedes-Benz останува верен и на дизелските мотори, па основниот дизел доаѓа во форма на Е220d кој се нуди со погон на задните или на сите четири тркала.

Овој (лајт-хибриден) мотор испорачува 197 коњски сили и 440 Nm вртежен момент, плус има уште 23 коњски сили и 205 Nm од лајт-хибридната компонента. Сето ова му овозможува да забрза до 100 километри на час за 8.1 секунда, како и да достигне 227 километри на час – и секако, очекуваме дека токму оваа изведба ќе биде најпопуларна на нашиот пазар.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Електричниот Mercedes-Benz G-Class го има сиот вртежен момент на светот!

За повеќе информации посетете го салонот на Мак Аутостар.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.