Новиот Peugeot E-Traveller добива нова технологија и визуелно освежување – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Peugeot E-Traveller добива нова технологија и визуелно освежување

Peugeot ја претстави ажурираната верзија на своето целосно електрично комбе E-Traveller, сега со зголемен опсег на возење и нови стилски елементи.

Достапен во кратка и долга каросериски опција, E-Traveller се придружува на низата EV патнички комбиња во палетата на Peugeot, заедно со новиот E-Rifter.

Клучните подобрувања во однос на претходниот модел вклучуваат 50% поголем пакет на батерии кои што сега имаат моќност од 75 kWh. Со тоа опсегот значително се зголемува на 350 километри во однос на 230 километри кај претходниот модел. Поголемата батерија го напојува електричниот мотор со 136 коњски сили и вртежен момент од 260 Nm а истиот го пренесува погонот на предните тркала. Времето на полнење на батериите варира од 11 часа и 20 минути на најслабиот полнач (7.4kW), 7 часа и 30 минути на средниот полнач (11 kW) и 45 минути за полнење помеѓу 10 и 80 проценти на брзиот полнач од 100 kW.

E-Traveller ќе биде достапен во стандардна форма со 5 и во долга форма со 9 седишта, со должина од 4,98 и 5,33 метри соодветно. Ширината останува на 1,9 метри за да се задржи успешното маневрирање низ тесните градски улици.

Однадвор, новиот E-Traveller ги содржи најновите дизајнерски елементи на Peugeot, вклучувајќи го тројниот потпис на предните LED фарови, новата значка како и целосно рестилизираниот преден браник.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!