​Renault Twingo се враќа со мисија да ги направи електричните автомобили достапни – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

​Renault Twingo се враќа со мисија да ги направи електричните автомобили достапни

Буџетниот електричен градски автомобил со четири врати ќе започнува со цена под досега непробиената ценовна бариера од 20.000 евра на европаскиот пазар.

Необичното Renault Twingo повторно се роди, овој пат како прифатлив електричен градски автомобил чија цел ќе биде да ја постигне најдобрата ефикасност во класата. Ќе оди од концепт до производство за само две години, односно планот е веќе во 2026 година да биде достапен во салоните.

Новото Twingo ќе нуди извонредни бројки на ефикасност со потрошувачка од еден киловат-час на изминати 10 километри. Во својот животен век ќе достигне намалување на 75 проценти емисии на јаглерод диоксид од просечниот автомобил со внатрешно согорување продаден во Европа во 2023 година.

За новиот дизајн, конструкција и производство ќе бидат задолжени Ampere – посебен оддел во рамките на групацијата Renault кој се фокусира на електрични возила во сегментите Б и Ц. Сè уште не се откриени технички детали, но Ampere веќе работи на платформа за електрични автомобили за новите Renault 4 и 5. Се чини логично дека Twingo ќе ја користи истата технологија.

Покрај тоа што ќе го направи целосно електричниот Renault Twingo, заедно со претстојните Renault 4, Renault 5 и новата Nissan Micra, Ampere ќе произведува и модели за брендот Alpine а ќе помогне и во електрификацијата на Dacia.

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!