Шест брендови, една сила – Stellantis Pro One воведува целосно-обновена гама на комерцијални возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Шест брендови, една сила – Stellantis Pro One воведува целосно-обновена гама на комерцијални возила

Со целосното обновување на понудата, Stellantis прави нешто кое нема преседан – шест брендови и дванаесет имиња добиваат свои нови, надградени верзии.

Шест брендови, една сила – Stellantis воведува нови комерцијални возила во сите сегменти (Compact, Mid-Size и Large). Брендовите кои добиваат нови модели се Citroen, Fiat Professional, Opel, Vauxhall, Peugeot и Ram. Францускиот Citroen добива освежени Berlingo, Jumpy и Jumper, FIAT Professional добива нови Doblo, Scudo и Ducato, Opel и Vauxhall добиваат освежени Combo, Vivaro и Movano, Peugeot се освежува со Partner, Expert и Boxer и американскиот Ram добива нов ProMaster EV до крајот на оваа година.

Со фокус на ненадминати способности, безбедност и разноврсност за професионалните купувачи, Stellantis денес откри цела гама на обновени и електрифицирани комерцијални возила – и тоа вкупно 12 – за Citroën, FIAT Professional, Opel, Peugeot and Vauxhall како дел од Pro One стратешката офанзива. Покрај европските брендови, нов модел добива и американскиот Ram.

Глобалниот гигант се потпира на широка гама на електрифицирани погони, како и системи за безбедност, асистенција и поврзување кои треба да понудат покомфорна околина за возачите, како и доверливи партнери за комерцијалните купувачи. Интересно е што секој бренд под закрилата на Stellantis се потпира на сопствените сили и ќе се обиде на различен начин да ги придобие купувачите.

Инаку, Stellantis ќе понуди три различни димензии од сите електрични комерцијални возила. Најмалите возила ќе понудат „најдобра во класата“ автономија од околу 330 километри, додека возилата од средната димензија ќе можат да поминат до околу 350 километри. Најголемите ќе можат да поминат до 420 километри со полни батерии. Во зависност од големината, ќе нудат батерии со капацитет од 50, 65 или 110 kWh, додека најголемите комерцијални возила ќе можат да се полнат со максимална моќност од 150 kW. Истовремено, Stellantis најави и две големини на комерцијални возила придвижувани од водород. Возилото од средна големина ќе може да помине 400 километри со полна горивна ќелија, додека големото комерцијално возило ќе има автономија од 500 километри.

Поврзано:   Opel Astra добива нов лајт-хибриден погон

Секако, надградбите одат подалеку од само електрични погони – кај сите брендови на Stellantis ќе бидат претставени надградени кабини со 10-инчен мултимедијален уред, напредни системи за асистенција, безжични надградби и многу други додатоци. Комерцијалните возила ќе добијат и специјални технологии кои се особено корисни за доставните копании – нови инструменти и дисплеи, 360-степенски камери, системи за поврзување со диспеч-центар и системи за планирање на најефикасните рути.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.