ВЕЧЕРНО КИНО: Rimac Nevera постави гинисов рекорд за највисока брзина – во рикверц! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ВЕЧЕРНО КИНО: Rimac Nevera постави гинисов рекорд за највисока брзина – во рикверц!

Со едностепениот менувач и погонската единица со 1888 коњски сили на сите четири тркала, Nevera може да постигне огромни брзини дури и кога се движи наназад.

Nevera има поставено над 20 рекорди за забрзување и сопирање кои изгледа според тимот сепак не беа доволни за да се заокружи успешно годината. Со одредена доза на забава, Хрватите решија да почнат со уривање рекорди во возење наназад.

Сведочена од Гинисовата книга на рекорди и потврдена со помош на податоците измерени од Dewesoft, Nevera сега официјално ја држи титулата Гинисов светски рекорд за постигната најголема брзина во возење наназад.

За разлика од автомобил со мотор со внатрешно согорување, па дури и од некои електрични автомобили, погонот на Nevera нема брзини, односно четирите поединечни мотори вртат напред или назад, и секогаш со немилосрден момент на инстантно забрзување.

Погонскиот агрегат е способен да го забрза возилото од нула до 161 км/час за 3.2 секунди, односно до 321 км/час на час за нешто помалку од 11 секунди нанапред, но исто така, може да испорача слични перформанси и при возење наназад. Во последниот случај, преведени во брзина, тие изнесуваа 275,74 км/час.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!