Citroen Ami Pop добива визуелно освежување и нова графика – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroen Ami Pop добива визуелно освежување и нова графика

Иако навидум изгледа како „спортска” верзија нa Ami, всушност се работи за дискретни естетски корекции на предницата и внатрешноста.

Citroën го ажурираше My Ami Pop со нов дизајн кој го подобрува неговиот разигран и младешки карактер. Станува збор за редизајниран преден дел, засилени браници, заден спојлер и нови налепници на панелите и вратите, како и нова шема на бои.

Од неговото лансирање во 2020 година, малиот Ами на Citroën може да се пофали со импресивна бројка од 43.000 продажби (од кои 80% се Ami Pop верзија), докажувајќи дека пазарот дефинитивно има потреба од градски микро-возила.

Во внатрешноста новите контроли на My Ami Pop се повидливи и полесни за користење од претходно, а најприметлива промена се забележува во сега поергономски дизајнираниот избирач на режим на возење на централната конзола.

Новиот Ami Pop првенствено ќе биде достапен во во првиот квартал на 2024 година во Обидинетото Кралство, додека другите поголеми држави во Европа ќе го добијат неколку месеци подоцна.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!