Mercedes-Benz го направи првиот краш-тест меѓу два електрични автомобили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz го направи првиот краш-тест меѓу два електрични автомобили

Mercedes-Benz направи краш тест меѓу EQA и EQS SUV за да види што ќе се случи кога ќе се судрат два тешки електрични автомобили.

EuroNCAP тестира удари при брзина од 50 километри на час, но Mercedes-Benz одлучи да отиде чекор понатаму па го направи тестот при брзина од 56 километри на час (односно 35 милји на час). Краш-тестот беше изведен со два електрични автомобили – компактниот EQA и големиот EQS SUV, а самиот тест е со 50% преклопување меѓу автомобилите.

Според Mercedes-Benz, ваквиот тест бил одбран бидејќи отсликува реални ситуации кои би можеле да се случат, особено при претекнување а брзината била одбрана бидејќи двата автомобили најверојатно би кочеле како вовед во сударот. Колку за напомена – ако двата автомобили се движеле со 56 километри на час, релативната брзина на двете возила при ударот е не баш незначителни 112 километри на час.

Резултатите се интересни а инженерите кажуваат дека контролираното уништување на автомобилите е намерно – со контролираното деформирање на автомобилите и ослободувањето на енергијата се штитат патниците но и батериските модули на двата автомобили. Според резултатите, куклите кои се користеле во тестот покажале дека ризикот од сериозни повреди е мал. Дополнително, од Mercedes-Benz напоменуваат дека и системот за заштита на батериите успешно ја завршил работата и спречил несакана реакција кај модулите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.