ПРЕМИЕРА: Освежување за моќниот Mercedes-AMG GT 63 E Performance – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Освежување за моќниот Mercedes-AMG GT 63 E Performance

Mercedes-AMG одлучи да извлече инспирација од новото AMG GT Coupe и да го освежи моќниот плаг-ин хибриден седан.

Инспирацијата од новото Mercedes-AMG GT Coupe ќе ја препознаете во новата предна маска со нагласени вертикални столбови, како и во подискретните отвори за воздух во браникот – германскиот бренд одлучи да ги замени огромните предни отвори за воздух со подискрени, вертикални насочувачи кои на предниот дел му даваат почист, поаеродинамичен лик. Истовремено, воведени се и нови предни светла, како и нова боја – Opalite White.

Дискретни измени добива и кабината – дел од стандардната опрема се стаклениот кров и безжичниот полнач за мобилни уреди меѓу задните седишта, како и моќниот Burmester аудио уред со Dolby Atmos поддршка. Истовремено, надграден е и MBUX мултимедијалниот систем кој добива нови AMG-ексклузивни графички елементи и нуди уште повеќе можности за конфигурација.

Плаг-ин хибридниот погон е неизменет – а тоа значид дека моќниот Mercedes-AMG GT S E PERFORMANCE 4-Door Coupé и понатаму комбинира 4-литарски твин-турбо V8 со хибриден систем за вкупно 843 коњски сили и 1400 Nm вртежен момент. Силата се пренесува кон сите четири тркала преку AMG Speedshift MCT автоматски менувач со девет степени на пренос. Сето тоа значи 100 километри на час за 2.9 секунди, 200 километри на час за помалку од 10 секунди и максимални 316 километри на час. А да, и според официјалните мерења, ова чудовиште може да троши само 8.6 литри бензин на 100 изминати километри, како и да помине до 12 километри на електрична енергија.

Достапни се и грст дополнитени пакети – тука е AMG Aerodynamics Package, AMG Carbon Exterior Package, AMG Chrome Exterior Package (кој едноставно не разбираме зошто некој би го нарачал) и AMG Night Package 2. Оние кои сакаат уште поспортски седишта можат да ги нарачаат AMG Performance Седиштата, а оние кои сакаат луксуз во вториот ред можат да го нарачаат High Class Rear Seat пакетот.

Поврзано:   Пристигна новиот Mercedes-AMG GT Coupe!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.