ПРЕМИЕРА: BMW Concept Touring Coupe – Дали BMW најавува враќање на својот Shooting Brake? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: BMW Concept Touring Coupe – Дали BMW најавува враќање на својот Shooting Brake?

Од BMW кажуваат дека концептот влече инспирација од 328 Touring Coupe тркачкиот автомобил кој победи на Mille Miglia во 1940, но нам ни личи на легендарниот Z3 M Coupe!

Всушност, баварците се навраќаат на два периоди кога зборуваат за Concept Touring Coupe. Првиот период е 1940-тата година и BMW 328 Touring Coupe кој победи на Mille Miglia, за кој кажуваат дека е инспирација за пропорциите и името на концептот, а вториот период се 70-тите години  и изведбите на BMW 02 кои го имаа додатокот Touring во нивното име за да издвојат од седаните. Што мислиме ние? Секако, ќе им дозволиме на луѓето од BMW да си ја кажат нивната приказна, но нам мнооогу ни наликува на BMW Z3 M Coupe.

Сепак, според BMW новиот Concept Touring Coupe е „продукциски автомобил во еден примерок“. Што значи тоа? Па не би знаеле да ви кажеме, но се надеваме дека ќе пристигне во редовно сериско производство. Концептот е очигледно базиран на Z4, но со значително преработен заден дел. Забележуваме комплексни контури и површини, рамен кров и широк заден дел. Задниот дел е особено нагласен околу тркалата за да се истакне динамичноста на моделот. Концептот е во специјална Sparkling Lario боја која комбинира ситни парченца сино стакло во кафената боја. Околу автомобилот има интересни декоратнивни акценти во сребрено-бронзена боја. Концептот добива и специјални тркала – 19-инчни напред, 20-инчни позади.

Ексклузивен третман добива и кабината. Кожата во ентериерот е изработена од работилницата Poltrona Frau, каде врвно е преработен секој детал од ентериерот.

Кабината е поделена во две „нивоа“ – горното ниво добива потемна кожа, додека пониското ниво добива посветли елементи, а изработен е и специјален сет багаж. Багажот е специјално изработен од Schedoni во Модена, Италија – работилница која обично изработува специјални парчиња багаж токму за италијанските супер-автомобили.

Поврзано:   Flow Nostokana е најновата арт инсталација на BMW и Esther Mahlangu

Од BMW не откриваат повеќе детали околу моторизацијата, но откриваат дека концептот е придвижуван од 3-литарски турбо-бензинец со шест цилиндри во линија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.