Peugeot се подготвува за сериозен настап на Саемот на Автомобили во Брисел – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot се подготвува за сериозен настап на Саемот на Автомобили во Брисел

Францускиот бренд се подготвува да ја започне својата електрична година на Саемот на Автомобили во Брисел каде ќе настапи со огромна гама на возила.

Peugeot во Брисел ќе ги претстави целосно-новиот Peugeot 408 (кој ние го возевме кон крајот на минатата година) и неговите две плаг-ин хибридни верзии со 180, односно 225 коњски сили. При првиот контакт новиот 408 ни остави навистина позитивни впечатоци и со нетрпение го очекуваме да пристигне и во Македонија. Новиот 408 во моментов е во трка за титулата Европски Автомобил на Годината.

Покрај 408, во Брисел Peugeot ќе ги донесе и 308 SW и спортскиот 508 Peugeot Sport Engineered. 508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED е технолошко чудо и ја олицетворува стручноста на инженерите на PEUGEOT SPORT. Овие инженери се докажаа на меѓународните натпревари како што се WRC (Светски шампионат во рели), Dakar, Pikes Peak и WEC (Светски шампионат на долги патеки).

Кога сме кај трките, Peugeot ќе го донесе и тркачкиот 9X8 кој е сосем нова генерација на хибриден тркачки автомобил со ултра-високи перформанси. Peugeot 9X8 веќе дебитираше на Светскиот Шампионат на Долги Патеки минатата година и се очекува да земе поголемо учество во текот на оваа година.

Покрај овие водечки модели, PEUGEOT на саемот за автомобили во Брисел ќе биде домаќин на други електрични модели: 100% електричниот SUV e-2008, 3008 Plug-in Hybrid, 308 лимузина, како и комерцијалното возило PEUGEOT e-EXPERT.

2023 година ќе сведочи за значително забрзување во електрификацијата на гамата на PEUGEOT: од првата половина на годината, сите модели на PEUGEOT ќе бидат достапни со еден или повеќе електрифицирани мотори, особено 3008 SUV и 5008 Hybrid.
PEUGEOT ќе може да го понуди најширокиот „е-избор“ во Европа.

Од електрични велосипеди до комерцијални возила, вклучувајќи е-скутери и патнички автомобили, PEUGEOT ќе ги задоволи сите потреби на електрифицираната мобилност. Брендот напредува кон својата цел да ги продава сите свои модели во Европа во 100% електрични верзии до 2030 година.

Поврзано:  Два Peugeot 9X8 хипер-автомобили ќе се натпреваруваат и на овогодинешниот Le Mans!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.