2023 ќе биде електрична година за Peugeot! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

2023 ќе биде електрична година за Peugeot!

Францускиот бренд го продолжува процесот на електрифицикација и во 2023 ќе ја има најшироката понуда на електрични и електрифицирани модели!

Peugeot гордо најавува дека ќе го понуди најширокиот „е-избор“ во Европа, благодарение на многу нови модели и технологии. Всушност, францускиот бренд ќе се обиде да ја редефинира мобилноста благодарение на широката понуда – од електрични велосипеди, преку електрифицирани и електрични возила, па сè до електрични комерцијални возила и е-скутери. Целта на Peugeot е да ги задоволи сите потреби на електрична мобилност и да направи чекор кон својата цел да биде 100% електричен бренд до 2030.

Воведувањето на нови хибридни погонски единици од почетокот на 2023 година, првично на PEUGEOT 3008 и PEUGEOT 5008, ќе ја прошири технолошката понуда, додавајќи нови 100% електрични решенија за батерии кај e-208 и e-308, водородни горивни ќелии и две и plug-in хибриди со погон на четири тркала.

3008 и 5008 ќе добијат нов електрифициран погон кој користи 48-волтна батерија која се полни при возење и нуди дополнителен вртежен момент при ниски вртежи. Лајт-хибридниот погон се очекува да ја намали потрошувачката до 15% и користи PureTech турбо-бензинец со 136 коњски сили.

Секако, Peugeot веќе ги најави новите е-308 и е-308 SW, со што станува еден од првите европски производители кој има 100% електричен караван во својата понуда. Секако, електрична верзија ќе добие и новиот 408 со plug-in хибридните верзии на динамичниот и иновативен fastback.

Со новиот е-408, Peugeot ќе го заокружни 100% електричниот асортиман на модели – од најмалиот е-208, па сè до e-Traveller и e-Rifter.

Дополнително, со цел да понуди решение за електричната мобилност кое би ги задоволило потребите на сите намени, Peugeot посвети внимание на plug-in хибридната гама. Во својата понуда, Peugeot има седани, каравани и SUV модели – сите плаг-ин хибридни. Тука се 308 и 308 SW со плаг-ин хибриден погон (кои ги возевме на официјалното лансирање на новиот 308 минатата година), новиот 408 со плаг-ин хибриден погон, големиот 3008 со плаг-ин хибриден погон (нашиот тест можете да го погледнете тука) и спортскиот 508 PSE со 360 коњски сили!

Поврзано:  Новиот Peugeot 3008 пристигна во Македонија!

Всушност, Peugeot верува толку многу во моќта на плаг-ин хибридните погони, што одлучи да ги искористи за моќниот Peugeot 9X8 Hybrid тркачки автомобил кој се натпреварува на World Endurance Championship од Јули годинава.

И секако, Peugeot не би бил Peugeot ако не ги направи и возилата на две тркала да бидат електрични. Peugeot го најави новиот е-Streetzone – електричен скутер со автономија од 112 километри во верзија со две батерии и Eco режим на возење. Од Peugeot кажуваат дека e-Streetzone е идеалниот скутер за секојдневно патување во градските подрачја – и сето тоа без потрошувачка на гориво и емисија на штетни гасови.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.